Во среда, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи својот Велигденски концерт насловен „Per Aspera ad Astra“ („Низ трње до ѕвездите“).
На концертот за првпат ќе биде изведена „Голема миса“ во це-мол, вокалноинструментално ремек-дело на Волфганг Амадеус Моцарт. Диригентка е Ребека Тонг од Индонезија, а како солисти ќе настапат сопранистките Милена Арсовска и Гонца Богоромова-Краповски, тенорот Благој Нацоски и басот Игор Дурловски. Настапува и хорот „Едикт“ од Ниш.
Маестра Ребека Тонг е матичен диригент на Симфонискиот оркестар на Џакарта и уметнички директор на Ансамблот за современа музика во Џакарта.
Гонца Богоромова Краповски е уметница која своите достигнувања успешно ги афирмира на домашната и меѓународната концертна сцена како една од најистакнатите вокални уметници од помладата генерација на солисти во нашата земја.
Благој Нацоски е нашиот најпознат тенор во светот. Особено ценет за неговиот префинет стил при изведбите и извонредната музикалност, Нацоски во изминатите години бележи огромни успеси во Миланската скала, Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија..
Игор Дурловски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје и ја завршил својата магистратура со највисока оценка – cum laude…