„Велигденски базар“, в четврток, на плоштадот „Крушевска република“

22

Општина Охрид, во соработка со ЈП „Градски пазар“, в четврток со почеток во 11:30 часот ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска република“.

– На базарот ќе учествуваат охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците што продаваат велигденски украси. Исто така, ќе бидат изложени креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, на учениците од општинските основни и средни училишта, на младите од Младинскиот центар и на волонтерите во ОО на Црвениот крст, Охрид – информираат од Општина Охрид.

Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

ИЗДВОЕНИ