Основното јавно обвинителство Велес покрена постапка против 24-годишна жена од Велес, осомничена за повеќе кривични дела, меѓу кои загрозување на сигурноста, насилство врз дете и предизвикување општа опасност.

Според обвинителството, првиот инцидент се случил на 10 февруари, кога осомничената му се заканила на својот татко дека ќе го убие. Откако не го затекнала дома, ја скршила вратата и го побарала на автобуското стојалиште, каде што му упатила отворени закани.

Два дена подоцна, на 12 февруари, осомничената започнала вербална расправија со 13-годишно девојче, по што го удрила со нога во стомакот. Подоцна истиот ден, вооружена со стап, се појавила пред домот на детето и ѝ се заканувала и на нејзината мајка, создавајќи чувство на страв и несигурност.

На 14 февруари, осомничената повторно го нападнала девојчето, овој пат фрлајќи камења кон неа. Детето избегало, но таа продолжила да мава со камења кон паркинг простор каде што имало возила и ученици, со што предизвикала опасност и оштетила два автомобила.

Поради можноста да избега и да ги повтори делата, обвинителството побара притвор, што судот во Велес го прифати, одредувајќи мерка притвор за осомничената.

ИЗДВОЕНИ