EPA-EFE/DAVID CLIFF

Фудбалскиот клуб Челзи летово продаде четворица играчи за да избегне казна за прекршување на финансискиот ферплеј што му виси над глава. Лондонскиот клуб ги комплетираше трансферите на Луис Хол (кој замина во Њукасл), Хаким Зијеш (Галатасарај), Иан Матсен (Астон Вила) и на Омари Хачинсон (Испвич).

Сите четворица минатата сезона играа како позајмени во клубовите каде што сега се продадени, освен Матсен, кој минатата сезона настапуваше за Борусија Дортмунд, а од следната сезона ќе настапува за клубот од Бирмингем.

Од продажбата на споменатиот квартет Челзи заработи 90 милиони евра.

Ова беше изнуден потег на лондонскиот клуб, притиснат од евентуалната казна за прекршување на финансискиот ферплеј, поради што, минатата сезона, Премиер лигата им одзеде бодови на Нотингем форест и на Евертон.