Вечерва околу 21 часот и 45 минути е почувствуван земјотрес во околината на Струмица, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Јачината на потресот, според првичните информации, е 3 степени по Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот е 16 километри југоисточно од Босилово, а се случил на длабочина од осум километри, пренесува ЕМСЦ.