Кочани во моментов е блокиран од полиција, пожарна и екипи на Обвинителството кои вршат увид на местото на големата несреќа во дискотеката „Пулс“ каде ноќеска околу 3 часот избувна пожар. Затворен е пристапот од привиот кружен тек во градот.
Дискотеката во Кочани каде ноќеска избувна пожар била преполна, а трагедијата се случила во 3 часот по полноќ, сведочат жители на Кочани кои во моментот се наоѓаат на местото. Дел од нив самоиницијативно помагале при извлекување на жртвите и повредените во пожарот.
Жител на Кочани за ВЕЧЕР кажа дека дошол веднаш на местото на пожарот. И неговата ќерка сакала да оди на концертот, но тој не и дал пари. И таа заедно со него и другарките помагале во извлекувањето на младите луѓе од дикотеката.
Преку објави на социјалните мрежи семејствата се обидуваат да дојдат до некакви информации за нивните деца. На социјалните мрежи се објавени и масовно се споделуваат фотографии од младите луѓе со телефонски броеви на нивните семејства за да им јават ако некој има информација за децата.
Фото: Вечер.пресс
Во разговор со еден жител на Кочани ни кажа дека неговата ќерка која студира во Скопје, била на синоќешниот концерт со уште една другарка. Едното девојче е починато во синоќешниот пожар, а за неговата ќерка не знае ништо. Некој му кажал дека е во болницата во Штип.
51 загинат, над 100 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани
МВР ги приведува организаторите на концертот во Кочани: Се стравува за најмалку 50 жртви