Ве мачи мамурлак по новогодишната прослава? Напитоци кои ќе ја ублажат главоболката и ќе го хидрираат организмот

31

Многу луѓе сакаат да испијат уште неколку кога излегуваат или се дружат со пријателите за време на празниците. Но, пиењето алкохол може да предизвика мамурлак, кој обично е проследен со силна главоболка следното утро. Еве го решението.

Ако не сакате да поминете половина ден во кревет со силна главоболка и умор по прославата, можете да подготвите еден од овие вкусни и здрави напитоци кои ќе ви помогнат што побрзо да се опоравите од мамурлакот.

Направете чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир е познат по многуте благодети, а една од нив е позитивното делување на главоболката после забавата претходната вечер.

Ѓумбирот е богат со антиинфламаторни својства кои помагаат во намалување на главоболката и воспалението предизвикано од алкохолот. Ако претходната вечер сте испиле повеќе од вообичаено, сварете шолја чај од ѓумбир и додадете мелена куркума и црн пипер за детоксикација на црниот дроб.

Вода со лимон

Водата со лимон не само што е вкусна и освежителна, туку е полна со лимонска киселина и има алкализирачко дејство, пишува „Health Shots“.

Пиењето вода со лимон може да помогне да се отстранат токсините од телото и да се врати рамнотежата на pH што може да го олесни природниот процес на детоксикација на телото.

Цвеклото содржи соединенија кои можат да помогнат во детоксикација на црниот дроб, елиминирање на нуспроизводите од алкохол и намалување на мамурлакот.

Сок од репка

Цвеклото е многу здрав зеленчук, па нема да изненади многумина што по ноќно пиење алкохол се препорачува да се пие во течна форма.

Овој зеленчук содржи соединенија кои можат да помогнат во детоксикација на црниот дроб, елиминирање на нуспроизводите од алкохол и намалување на мамурлакот. Се препорачува наутро да се испие чаша сок од цвекло за да се зголеми протокот на крв и доставувањето кислород до ткивата, што може да влијае на ублажување на главоболката и заморот.

Вода со краставици и нане

Друга освежителна опција е пиењето вода од краставица и нане. Оваа одлична комбинација може да помогне при детоксикација, да го стимулира варењето, да ве освежи и да ве разбуди наутро.

Јадете чинија супа
Доколку следниот ден чувствувате мачнина и ви е тешко да јадете цврста храна, чинија топла супа е најдобро решение. Супата делува на телото како инфузија, внесувајќи дополнителна течност и енергија.

Дремете си

Ако сте во можност, обидете се да се одморите и да спиете што е можно подолго, откако ќе појадувате и ќе внесете дополнителна течност.

Ако состојбата не се подобри, посетете лекар

Во одредени случаи, мамурлакот ќе биде исклучително силен и нема да помине сам од себе. Ова се случува кога внесувањето на алкохолни пијалоци е навистина претерано и кога имунитетот е веќе ослабен. Во тој случај потребно е да се посети лекар кој ќе ја одреди потребната терапија или ќе ви препише инфузија.

ИЗДВОЕНИ