Ватикан побара посетителите да не го фотографираат ковчегот на папата: Тоа е момент на побожност, а не „перформанс“

19
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Ватикан апелираше до посетителите кои доаѓаат да му оддадат почит на починатиот папа Франциск во базиликата Свети Петар да не го фотографираат ковчегот на понтифот, велејќи дека тоа е момент на побожност, а не „перформанс“.

Властите на Ватикан од вчера ги предупредуваат верниците да ги остават телефоните и да не прават селфи додека минуваат покрај дрвениот ковчег во кој е положено телото на папата.

„Од посетителите се бара да не фотографираат“, изјави портпаролот за британски „Тајмс“, додека извор од Ватикан додаде дека „правењето фотографии не е во духот на почитта“.

ИЗДВОЕНИ