Папата Франциск покажува „понатамошно, мало подобрување“ додека се бори со билатералната пневмонија во болница, а претходно дијагностицираниот проблем со бубрезите е решен, соопшти денеска Ватикан.
Франциск, кој има 88 години, го поминува својот 13-ти ден во болница во Рим, што е најдолг престој во болница за време на неговиот 12-годишен мандат како поглавар на Римокатоличката црква, пренесува Ројтерс.
Во вторникот Ватикан соопшти дека папата сѐ уште е во критична состојба, четврти ден по ред, но дека е стабилен и дека нема нови респираторни проблеми.