Ватикан ги призна „многуте позитивни плодови“ што се случуваат во Меѓугорје, светски познато место за аџилак во Босна и Херцеговина, меѓутоа не сака да го коментира натприродниот феномен поврзан со тврдењата на луѓе кои велат дека на местото им се појавува Богородица и им испраќа пораки.
Во Белешката за духовното искуство поврзано со Меѓугорје, потпишана од кардиналот Виктор Мануел Фернандез, раководител на Дикастеријата за доктрина на верата, како што пренесува Индекс.хр, се наведува дека позитивната оценка на повеќето пораки од Меѓугорје „не подразбира изјава за директно натприродно потекло“.