Ватикан го потврди датумот на погребот на папата Франциск. Погребната церемонија ќе се изврши во сабота во 10 часот по наше време.
Телото на починатиот поглавар на Римокатоличката црква, папата Франциско, ќе биде однесено во базиликата Свети Петар во среда во 9 часот, соопшти денеска Ватикан.
Телото на папата Франциско во моментов е изложено во капелата на Каза Санта Марта, каде што живеел во текот на неговите 12 години како поглавар на Римокатоличката црква.
Папскиот погреб традиционално е сложен процес, но папата Франциско неодамна ги одобри плановите за поедноставување на целата процедура за неговиот погреб.
Франциск исто така ќе биде првиот папа по повеќе од еден век кој ќе биде погребан надвор од Ватикан – неговите посмртни останки ќе бидат положени во базиликата Света Марија Маџоре, една од четирите главни папски базилики во Рим.