Шефот на Ферари, Фредерих Васер, ги коментираше зборовите на Луис Хамилтон, нагласувајќи дека не гледа ништо алармантно.
Луис Хамилтон, имено, имаше проблеми со извлекувањето брзина од болидот на Мерцедес В15 во текот на оваа сезона, особено во однос на својот тимски колега, Џорџ Расел.
И покрај ова, седумкратниот светски шампион не ја крие својата фрустрација, признавајќи дека работите едноставно не оделе како што треба. Сето тоа се одрази на неговиот настап на трката за Големата награда на Катар, каде што заврши на 12. место по проблемите на стартот, дупнати гуми и казна за прекумерна брзина во боксот.
Тие проблеми беа очигледни, а зборовите на Хамилтон во петокот, во Катар, кога изјави дека дефинитивно повеќе не е брз, привлекоа дополнително внимание. Сепак, Васер, кој го познава Хамилтон долги години, не е загрижен.
Напротив, тој верува дека Хамилтон продолжува да покажува исклучителна брзина, наведувајќи го неговиот импресивен настап на Големата награда на Лас Вегас, каде што од 10. место на гридот стигна до второто, веднаш зад Расел.
- Немам грижи. Само погледнете ги 50. круга што ги извозе во Вегас. Започна 10. и заврши веднаш зад Расел. Воопшто не сум загрижен – изјави Васер.
Хамилтон се подготвува за својата последна трка со Мерцедес во Абу Даби, која, сигурно, ќе биде емотивно збогување. По таа трка, тој ќе се пресели во Ферари, каде што ќе се обиде следната сезона, со овој болид, да дојде до многу позначајни резултати.