Идеална чоколадна глазура која никогаш не пука кога сече колач или торта – слаткар открива трик за кој малкумина знаат.
Домаќинките ширум светот внимателно ги следат емисиите на познатиот слаткар Рудолф Ван Веен и го прифаќаат секој трик што тој ќе го пренесе.
Овој пат ви пренесуваме трик за совршена чоколадна глазура по негов рецепт. Вашите колачи ќе бидат вистински мали ремек-дела ако ги следите овие чекори.
Состојки:
– 250 гр омекнат путер
– 300 гр шеќер во прав
– 200 гр темно чоколадо (стопено)
– 2 лажици какао во прав
– 100 гр течна слатка павлака
Подготовка:
Омекнатиот путер измешајте го со шеќерот и матете со миксер додека состојките целосно не се соединат и смесата не стане мазна. Потоа додадете какао во прав и изматете уште малку. Намалете ја брзината на најмала, па додадете ја растопената чоколада и на крај слатката павлака. Матете додека не се добие мазна и пенеста смеса. Доколку има грутчиња, садот накратко ставете го во сад со топла вода, а потоа продолжете со матење. Нанесете ја глазурата додека е уште пена и мазна, пишува Информер.