Тимовите за пребарување на реката Потомак во Вашингтон работат на извлекување на остатоците од авионот и хеликоптерот што се судрија во воздух минатата недела.
Идентификувани се 55 од 67-те жртви на несреќата, а од противпожарната служба на Вашингтон соопштија дека „телата на сите жртви ќе бидат извлечени“.
Повеќе од 300 луѓе учествуваат во оваа акција, соопштија официјални лица.
До несреќата дојде кога авионот се судри со воен хеликоптер на мала висина пред слетувањето. Никој не преживеа.
Меѓу патниците во авионот имало лизгачи кои се враќале од првенството на САД во уметничко лизгање и група ловци.