Ракометарите на Вардар триумфираа на гостувањето кај Охрид со 26:27 (16:11) во рамките на 21. коло на Суперлигата. „Гладијаторите“ имаат за што да жалат, бидејќи имаа шест гола предност во вториот дел, ама потоа Васил Гого ја спушти ролетната на голот на „Црвено – црните“ и режира пресврт. Исто така, вреди да се напомене дека охриѓани немаа постигнато гол во последните осум минути од средбата.
Васил Гогов беше апсолутен херој со 11 интервенции од кои девет во вториот дел, а Вуко Борозан даде девет гола од кои три во последните десет минути. Сепак, најдобриот стрелец на мечот дојде од домашниот тим, а тоа беше Теимураз Орјоникидѕе со десет погодоци.
Еурофарм Пелистер доминира во домашното првенство, откако на свој терен го совладаа тимот на РК Бутел со убедливи 34:25. Филип Кузмановски со 10 голови беше најдобар стрелец на мечот, Дејан Манасков запиша седум погодоци, во составот на Бутел најдобар беше Драган Шолиќ со шест гола.
Давид Брестовац, еден од нашите најдобри млади голмани, на овој меч го имаше своето деби за првиот тим на Пелистер. Давид, синот на поранешниот македонски селектор Данило Брестовац кој исто така беше голман, денеска ги одигра првите минути за најдобриот тим на Пелистер. Младиот Брестовац влезе на местото од Никола Митревски и го запиша првиот настап за Пелистер.
Со оваа победа Пелистер се врати на првото место во Суперлигата и има уште еден меч за да ја задржи позицијата пред плејофот, тоа е на гостински терен кај Прилеп.