Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар со победа ја завршија сезоната во Европската лига, земајќи му скалп на бундеслигашот Мелсунген во Скопје, со триумф од 32:30 (17:17).
Избраниците на новиот тренер Гиљермо Милано добро ја комплетираа европската авантура, со победа над апсолутниот фаворит во групата кој немаше резултатски мотиви во СЦ „Јане Сандански“.
Баруфет Торебехано со десет реализации беше најдобар на паркетот, додека кај Вардар се истакна Ларс Коиј со осум, а Крсманчиќ имаше „шест од шест“. На голот на двократниот европски шампион пак блескаше Мигел Еспиња со 16 интервенции.
Фото: П.Стојановски