Ракометарите на Вардар се враќаат непоразени од гостувањето кај Валур (34:34), во рамките на петтото коло на Европската лига. Со овој бод, Вардар остана на третото место на табелата, со три бода, но сега веќе нема ни математички шанси дека би можел некако да стигне до втората фаза, бидејќи за тоа му беше потребен триумф на гостувањето на Исланд.
Вардар беше без неколку клучни играчи. Поради повреди во Скопје останаа голманот Еспиња, пивотменот Лазаревски, бекот Борозан, а имаа и долго патување до Рејкјавик поради лошите авионски лини. Во Исланд незгодно гостување имаше и Порто кој загуби бод, играјќи 27:27.
Најефикасен играч на средбата беше Тордарсон со 11 гола за Исланѓаните, додека кај Вардар со по пет се истакнаа Георгиевски, Хориха, Маргели и Срдановиќ.