Екипата на Вардар му го нанесе првиот сезонски пораз на РК Алкалоид, откако во дерби дуелот од 12. коло од Супер лигата славеше на свој терен со 30:27.

Сега двете екипи имаат по 22 бода на табелата, бидејќи првиот меѓусебен дуел заврши со победа на тимот на Кире Лазаров од 33:30.

Најефикасни кај Вардар беа Дмитриј Горига со седум и Марко Срдановиќ со шест гола. Во поразениот табор се истакна Марко Митев со пет реалзиации.

ФОТО: П. Стојановски

ИЗДВОЕНИ