Вардарци од следната сезона ќе бидат засилени меѓу стативите со членот на Киелце, голманот Милош Валах, кој се согласи на верност со „црвено-црните“ до 2027 година. За овој потпис Вардар плати обештетување за да го откупи договорот на играчот..

Валах (24) лани се врати во Киелце, откако претходно беше позајмен во Вибжеже Гдањск и таму настапуваше две сезони. Сега покрај себе како клупски колеги ги има Адам , Бекри Корданија, Клемен Ферлин и Сандро Местиќ.

На последниот меч од Лигата на шампионите меѓу Киелце и Фуксе Берлин, новиот голман на Вардар имаше одлично прво полувреме и на крајот собра девет одбрани и неговиот тим имаше предност од два гола.

 

ИЗДВОЕНИ