Вардар го доби потписот на Едиз Спахиу

13

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го доби потписот на 23-годишниот напаѓач Едиз Спахиу. Иако имаше најави дека Спахиу разгледува понуди од странство, сепак, младиот офанзивец се реши да ја прифати понудата на Вардар и веќе му се приклучи на новиот клуб.

Тој доаѓа од екипата на Тиквеш, каде во изминатата полусезона постигна вкупно четири гола на осумнаесет натпревари. Во ПМФЛ Спахиу одигра вкупно 106 натпреаври на кои постигна 23 голови. Минатата сезона со кавадаречката екипа беше освојувач на Купот на Македонија. Покрај тимот на Тиквеш, Спахиу настапувал и за екипата на Гостивар, како и за младиот тим на Шкендија.

Претходно екипата на Гоце Седлоски го засили ростерот со Пинтер, Маневски, Јанкулов, Цикарски, Тодоровски, Талески…

ИЗДВОЕНИ