EPA-EFE/ASH ALLEN

Рафаел Варан го одигра последниот натпревар за Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот, а како што стојат работите би можел да се пресели во Италија.

Тамошните медиуми пренесуваат дека Комо, повратникот во Серија А, е заинтересиран за услугите на искусниот дефанзивец.

Нивниот тренер, Шпанецот Сеск Фабрегас, кој неодамна изјави дека клубот има големи амбиции во новата сезона, до сега го донесе искусниот напаѓач Андреа Белоти, па се реши за нов потег. Сега, мета е Варан кој и покрај тоа што има 31 година, се очекува да биде од голема помош во одбраната на тимот кој ќе се обиде да опстане во елитата наредната сезона. Преговорите со таборот на францускиот фудбалер се во тек, но извесно е дека Италијанците ќе имаат конкуренција од уште неколку клубови.