Една од најпопуларните борачки во светот, Пејџ Ванзант, долги години беше голема ѕвезда на УФЦ. Покрај тоа што имаше многу добри резултати, трипати беше прогласувана за најубава ММА борачка на светот, а на неколку натпревари и за најубава спортистка на светот. Во меѓувреме, таа отвори и профил на „OnlyFans“ и се испроба во боксот со голи раце.

Сега започна нова кариера и тоа во спорт кој многумина не го прифаќаат. Имено, таа победи во Power Slap, спорт кој неодамна стана многу популарен, а најголемата организација ја купи УФЦ. Во Power Slap, противниците наизменично си удираат шлаканици со полна сила. Ванзант со едногласна одлука на судиите ја победи Кристин Волмаранс.