Вања и Панче биле физички и психички малтретирани, па убиени!

Наодот од Судска медицина и ДНК анализите покажаа вознемирувачки детали од грозоморното убиство

1156
На судењето беше презентирано и психијатриското вештачење на обвинетите, кое покажало дека сите биле пресметливи, односно знаеле што прават во моментот на извршување на делото. За нивните жртви, повикувајќи се на психијатриските наоди, Обвинителството рече дека претрпеле тешко психичко страдање со силен интензитет. Се предизвика немир кај присутните во судницата кога прочита обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска дека Вања била жива кога било пукано во неа. Убиецот со оружјето бил многу близу до неа, на далечина од половина метар. Во нејзината глава е пронајдена дупка од проектил со калибар од 9 мм. Со ист калибар било пукано и во главата на Панче, кој, кога го застрелале, бил во исправена, полунаведната положба

На денешното рочиште од судскиот процес за двојното убиство на четиринаесетгодишната Вања и на пензионерот Панче Жежовски, Обвинителството презентираше ужасни детали од последните нивни моменти, читајќи го наодот од Судска медицина, по обдукцијата на телата. Се предизвика немир кај присутните во судницата кога прочита обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска дека Вања била жива кога било пукано во неа. Убиецот со оружјето бил многу близу до неа, на далечина од половина метар. Во нејзината глава е пронајдена дупка од проектил со калибар од 9 мм.

– Пронајдена е и сива самолеплива лента на главата од девојчето, и ова е дел од доказите – се надоврза судијата Ивица Стефановски.

Морничави беа деталите од обдукцискиот наод, дека девојчето се движело по кал до местото каде што, неколку минути подоцна, трагично згаснал нејзиниот живот. Била пронајдена кал под ноктите и на отпечатокот од врвот на патиките, па заклучокот е дека Вања била убиена клечејќи. Извештајот што го прочита обвинителката, дека жртвите Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, пред да бидат убиени, претрпеле тешко физичко страдање, буквално ѝ ја заледи крвта на јавноста во судницата. Обвинителката објасни дека на сивосребрената лента со која ѝ била залепена устата на девојчето, биле пронајдени траги од обвинетиот Велибор Манев.

Обвинителката го прочита и наодот од обдукцијата на Панче Жежовски. Било утврдено дека смртта била насилна, на несреќниот фризер му било пукано во глава, кога го застрелале, бил во исправена, полунаведната положба, а главата му била надолу. По ова, реагираше првообвинетиот Љупчо Палевски, ја повика обвинителката да каже за вештачењето на церадата во која бил завиткан Панче, дека на неа немало негови траги, по што обвинителката му одговори дека сега само се изведуваат докази и дека во текот на судскиот процес ќе се поврзе сè и ќе се каже јасно и гласно сè.

Панче Жежовски бил закопан и пронајден во дупка длабока три метри, обвиткана со земја. Во близина на дупката бил пронајден мобилниот телефон на Жежовски, како и една чаура од муниција со калибар од 9 мм. Неговото возило, кога го пронашла полицијата, било пеплосано, но, сепак, една клучна трага останала неуништена, а тоа биле регистарските ознаки на „ситроенот“.

Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски се обвинети за грабнување и за свирепо убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Тие признале вина во Обвинителството, дека се соучесници во двете грозоморни убиства и ја однесоа полицијата кај телата на жртвите, како што посочиле пред инспекторите, свирепо извршени од првообвинетиот Љупчо Палевски. На судењето беше презентирано и психијатриското вештачење на обвинетите, кое покажало дека сите биле пресметливи, односно знаеле што прават во моментот на извршување на делото. За нивните жртви, повикувајќи се на психијатриските наоди, Обвинителството рече дека претрпеле тешко психичко страдање со силен интензитет.

За убиството на Вања и на Панче се обвинети Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Боре Видевски, Велибор Манев, а како соизвршител Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој се товари за помагање. На првото рочиште, сите обвинети се изјаснија за невини за делата што им се ставаат на товар. Досега беа сослушани 26-мина сведоци, а судскиот процес продолжува со изведување материјални докази. (П.А.)