Висар Дурак, директор на турската компанија „Бин бин“ во Скопје, која е една од најуспешните за изнајмување електрични тротинети, се жали дека секојдневно се уништуваат и оштетуваат тротинетите. Вели дека дури и ги фрлаат во Вардар. – Секоја вечер вадиме од реката по еден или два тротинети. Дури и ги оставаат намерно на пругите во Кисела Вода за да ги скрши возот што ќе помине – реагира Дурак.
Тој додава дека секоја вечер имаат по 3-4 оштетени тротинети. Ги поправаат, но не може да стигнат, бидејќи веднаш потоа се оштетени други. Поради оштетувањето на тротинетите, иако планирале да донесат околу 100 мопеди, исто така за изнајмување, се откажале
Турската компанија „Бин бин“, која е една од најуспешните за изнајмување електрични тротинети, на почетокот, но и речиси по две години од доаѓањето во Скопје, сè уште има проблеми со вандализмот.
Директорот на оваа компанија во Скопје, Висар Дурак, се жали дека секојдневно се уништуваат и оштетуваат тротинетите. Вели дека дури и ги фрлаат во Вардар.
– Секоја вечер вадиме од реката по еден или два тротинети. Дури и намерно ги оставаат на пругите во Кисела Вода за да ги скрши возот што ќе помине – реагира Дурак.
Тој додава дека секоја вечер по 3-4 имаат оштетени тротинети. Ги поправаат, но не може да стигнат, бидејќи веднаш потоа се оштетени други. Поради уништувањето на тротинетите, иако планирале да донесат околу 100 мопеди, исто така за изнајмување, се откажале.
-Не можев да дозволам, да се донесат, имајќи го примерот со тротинетите – дециден е Дурак.
Тој апелираше граѓаните да имаат разбирање и да не ги уништуваат тротинетите, во интерес на оние што ги користат совесно и на луѓето што работат во оваа компанија.
Според Дурак, во моментов скопјани имаат на располагање околу 550 тротинети.
Турската компанија „Бин бин“ дојде во Македонија на крајот од мај 2023 година. Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ѝ даде на располагање 19 станици – пунктови во градот на кои се стационирани тротинетите. Тротинетите можат да се остават каде било, а од компанијата, на крајот од денот, со помош на вградените ГПС-уреди во тротинетите, ги лоцираат и ги преземаат. Изнајмувањето се врши со симнување на мобилната апликација Bin Bin, за која има бар-код на пунктовите. На неа има повеќе начини на плаќање.
Цената за изнајмување тротинет беше 9 денари минута, но по Нова година, како што објасни Дурак, поради инфлацијата и зголемувањето на цената на електричната енергија, таа е зголемена на 11 денари за минута.
Турската компанија „Бин бин“, освен во Македонија и во Турција, е присутна и во Хрватска, Бугарија, Азербејџан и во Босна и Херцеговина.
(А. П.)