Добив смртни закани, но не се откажувам од спортот

91

Ноа-Лин ван Левен (28) ќе биде првата трансродова личност на Светското првенство во пикадо, кое започна од 15 декември и ќе трае со 3 јануари во Лондон.

Холанѓанката, која ја започна својата родова транзиција како тинејџерка и ја заврши во 2021 година, се пласираше на најголемиот турнир на крајот на октомври, заземајќи едно место резервирано за жени. Таа освои неколку турнири, а некои од нејзините ривалки побараа да ѝ биде забрането да се натпреварува во женска конкуренција.

Сонародничките Анка Зијлстра и Ајлин де Граф ја напуштија холандската репрезентација во март, откако одбија да играат со неа. Ван Левен, исто така, истакна дека добила смртни закани преку Интернет оваа година после сето тоа.

  • Сите се сеќаваме како моите соиграчки од Холандија се повлекоа. Добив многу пораки со омраза на социјалните мрежи. Луѓето ме препознаваа на улица. Повеќето беа добри и ме поддржуваа. Но, имаше и пораки со смртни закани… Ја сакам оваа игра и ќе продолжам да ја играм, изјави Ван Левен, а пренесува британски „Сан“.

Извршниот директор на пикадо федерацијата, Мет Портер, кој го организира Светското првенство, во октомври рече дека политиката кон трансродовите играчи е „фер“. На Ван Левен на тој начин ѝ е дозволено да игра на турнирот, каде што во првото коло ќе игра со Холанѓанката Кевин Доец. Победникот од таа борба ќе вкрсти со поранешната светска шампионка Михаела Смит.