Скандалозната сцена се случи во Тирана, на Европското првенство во таеквондо за деца, откако тренер и подели неколку шлаканици на својата млада репрезентативка, откако загуби од противничката.

Имено, српската борачка Нина Савиќ го освои златото победувајќи ја Валине Фетиу, а потоа тренерот на девојчето од Косово, Ваљмир Фетиу, кој е и нејзин татко, ја влечеше за кацигата и и удрил шлаканица. По тој повод, селекторот реши да се огласи околу овој гоолем скандал кој го пренесоа голем број светски медиуми.

  • Таа е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене. Во моментот кога девојчето беше дезориентирано и луто што загубила од српската натпреварувачка, лежеше на земја не можејќи да го прифати поразот. Едноставно сакав да ја смирам и да и дадам до знаење дека и покрај поразот е второпласирана и дека ќе има други можности. Медиумите во Косово паднаа на српската пропаганда затоа што се обидоа да и дадат поинаков правец на приказната во тој момент. Повторувам, јас сум нејзиниот татко, мојата сопруга исто така, мајката на Валина беше таму, неколку метри од мене. Ниту еден Србин или Бошњак не може да ја сака мојата ќерка повеќе од нејзините родители. За овој натпревар со Валина работам 12 месеци и цел живот ќе работам за неа, изјави Ваљмир Фетиу за „Клан Косова“.