Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, донесе ново засилување кое ќе му се приклучи на тимот од наредната сезона. Нов член на двократниот европски шампион ќе биде полскиот репрезентативец Марек Марчинијак (29). Тој игра на позиција десен бек/десно крило и потпиша двегодишен договор со клубот, до 2027 година.

Марцинијак во моментов е член на Азоти Пулави, а претходно има настапувано и за екипите на Жуково, Вибжеже Гдањск и Заглебје Лублин. Ова ќе биде негово прво интернационално искуство.

Марцинијак настапи и на последното СП 2025, и на седум средби постигна 13 гола за Полска. Настапуваше и на последните две квалификациски средби за пласман на ЕП 2026 против Португалија, каде постигна шест гола.

Сезонава во дресот на Азоти Пулави настапи на 23 натпревари од полското првенство, и има 71 погодок од 118 обиди, со 60% на успешност.

Марцинијак ќе биде третиот Полјак што ќе го носи дресот на Вардар, по Патрик Валчак и Јан Чувара кои исто така претходните сезони беа дел од клубот.

ИЗДВОЕНИ