Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водата полека ќе почне да се затвора в петок од 22:00 или од 24:00 часот.
– Целосното затворање на водата ќе биде во утринските часови в сабота, по што веднаш ќе почнеме со работните активности на главниот цевковод. Ќе се работи на менување на големите затворачи, односно шибери од 1.600 милиметри. Станува збор за повеќе затворачи на главниот цевковод од десната страна на реката Вардар, почнувајќи од „СП Планет“ – трговскиот во Ѓорче Петров , па надолу Порта Влае, Карпош, Тафталиџе, Водно, Центар, Кисела Вода, Драчево, Пинтија, 11 Октомври, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, сè до Зелениково и Студеничани. Поради тоа, тие ќе немаат вода – објаснија од Дежурно-информативниот центар при ЈП „Водовод и канализација“. Вода ќе нема и Автокоманда (ниската зона). Додека Гази Баба, Општина Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарската улица до американската Амбасада, Визбегово, Бардовци, Автокоманда (високата зона), Ѓорче Петров од „СП Планет“ до Сарај, Сарај, Маџари и Сингелиќ ќе имаат вода. Од претпријатието не знаеја да кажат колку часа ќе трае интервенцијата
Информацијата од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ дека, поради сложен и голем зафат на улицата „Никола Парапунов“ за санирање дефект на затворач Ф700 милиметри за кој имаше информации во јавноста, најголем дел од градот в сабота ќе нема вода, ги вознемири скопјани. Тие бараат прецизни податоци, кои улици ќе бидат зафатени со интервенцијата и прашуваат до каде и до кога ќе немаат вода.
Од претпријатието за одговор на прашањата препратија до својот Дежурно-информативен центар, кој работи непрекинато 24/7.
Оттаму информираат дека водата полека ќе почне да се затвора в петок од 22:00 или од 24:00 часот.
– Целосното затворање на водата ќе биде во утринските часови в сабота, по што веднаш ќе почнеме со работните активности на главниот цевковод. Ќе се работи на менување на големите затворачи, односно шибери од 1.600 милиметри. Станува збор за повеќе затворачи на главниот цевковод од десната страна на реката Вардар, почнувајќи од СП – трговскиот во Ѓорче Петров, па надолу Порта Влае, Карпош, Тафталиџе, Водно, Центар, Кисела Вода, Драчево, Пинтија, 11 Октомври, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, сè до Зелениково и Студеничани. Поради тоа, тие ќе немаат вода – објаснија од Дежурно- информативниот центар при ЈП „Водовод и канализација“. Вода ќе нема и Автокоманда (ниската зона).
Додека Гази Баба, Општина Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарската улица до американската Амбасада, Визбегово, Бардовци, Автокоманда (високата зона), Ѓорче Петров од „СП Планет“ до Сарај, Сарај, Маџари и Сингелиќ ќе имаат вода.
Од „Водовод и канализација“ појаснија дека сличен ваков зафат, но од помал обем, бил изведен пред 30 години, а ист како сегашниот, в сабота, не е реализиран повеќе од 50 години.
Последното вакво затварање било направено во 1991/1992 година, за реализација на водоводен приклучок на бунарското подрачје Лепенец.
Според информациите од претпријатието, за решавање дефект од овој вид е изготвен оперативен план со кој поефикасно и побрзо ќе се санира.
– Со овој зафат, покрај тоа што ќе се изврши санација на дефектите на претходно споменатите затворачи, директно ќе се намали и загубата на водата од нивното протекување и ќе се овозможи ревитализација на потегот од Ѓорче Петров до Карпош – соопштија од „Водовод и канализација“.
Оттаму додаваат дека се потребни системска промена на затворачите стари пет децении и рехабилитација на хидротехничката опрема, заради зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.
Иако посочија од претпријатието дека постепеното затворање на водата ќе започне во 22:00 или во 24:00 часот в петок, а целосното ќе биде во утринските часови в сабота, не знаеја да кажат колку часа ќе трае интервенцијата.
– Тоа не знае никој да ви го каже – кусо одговорија од ЈП „Водовод и канализација“.
(А.П.)