Протестниот марш под мотото „Забрането дишење“, го организира Еколошкото здружение „Здрава котлина“ од Струмица. – На 1 февруари (сабота), со почеток во 11:00 часот, ќе одржиме протестен марш низ улиците на Струмица како израз на граѓанско незадоволство од упорното нерешавање на проблемот со аерозагадување во Струмичката котлина што ја искачи Струмица на седмо место како најзагаден град во Европа, се наведува во поканата за маршот од „Здрава котлина“.
Според ланско истражување, најголемо учество во загадувањето на воздухот во општина Струмица има согорувањето на биомасата, која на годишно ниво учествува со 35 отсто и во зимскиот период ги надминува дозволените гранични лимити. Втор извор на загадување е сообраќајот, а другите извори учествуваат со помал процент
Енормното загадување на воздухот во Струмица со ПМ-10 честички, поради што неколку пати оваа зима беа активирани мерките за намалување на аерозагадувањето во градот под Беласица, ги крена струмичките екологисти и граѓаните на протестен марш кој треба да се одржи на в сабота, на 1 февруари.
Протестниот марш, под мотото „Забрането дишење“, го организира Еколошкото здружение „Здрава котлина“ од Струмица.
– На 1 февруари (сабота) со почеток во 11:00 часот, ќе одржиме протестен марш низ улиците на Струмица како израз на граѓанско незадоволство од упорното нерешавање на проблемот со аерозагадување во Струмичката Котлина што ја искачи Струмица на седмо место како најзагаден град во Европа – се наведува во поканата за маршот од „Здрава котлина“.
Протестниот марш ќе се одвива по главните улици во Струмица, а ќе заврши пред зградата на Општина Струмица, кај канцелариите на инспекциските служби.
– Пресудно е да се врши јавен притисок и тоа е најефективно во отсуство на резултати кои со години ги чекаме да стигнат. Она што досега добивме се полни болници и жални вести. Струмица не смее да остане седми најзагаден град во Европа и токму тоа зависи од сите нас! Ова е исклучиво граѓански протест и секакво јавно истакнато партиско обележје или симбол ќе биде отстрането од страна на редарите – стои во објавата на екологистите.
Според ланско истражување, најголемо учество во загадувањето на воздухот во општина Струмица има согорувањето на биомасата, која на годишно ниво учествува со 35 отсто и во зимскиот период ги надминува дозволените гранични лимити. Втор извор на загадување е сообраќајот, а другите извори учествуваат со помал процент.