В сабота, изложба на расни кучиња во Куманово

741

Кинолошкото друштво „Кинолог“, в сабота, на терените на градскиот кеј во Куманово, со почеток во 10:00 часот, организира меѓународна изложба за убавина за сите видови расни кучиња. Оценувачи ќе бидат меѓународни реномирани судии од Македонија, Србија и од Унгарија.

Исто така, ќе биде организирана и државна специјализирана изложба за расата кавкаски овчар, во организација на македонскиот Клуб за кавкаски овчар. Има пријавено излагачи од државава, од повеќе европски земји и од нашето соседство.