Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, седницата на која ќе се избира новата влада jа најави за понеделник.
-Се надевам дека седницата ќе може да почне веќе в понеделник, бидејќи треба да ја завршиме до 18 април на полноќ. Не е во ред да се работи на Велики петок. Имињата на министрите и експозето ќе ги знаеме тогаш, но тоа зависи, пред сè од мандатарот, изјави Брнабиќ за белградски медиуми.
Таа ја повика опозицијата да му дадат шанса на новиот мандатар за состав на влада на Србија.
-Ги повикувам и претставниците на опозицијата во парламентот да разговараат, да му дадат шанса на професорот Мацут, рече Брнабиќ.