В недела ќе се собираат бадниковите гранчиња

16

В недела, во 12 часот, во месноста Краста, Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави новиот кум, Раде Макеларски, и здравичарот за Бадник 2025, Атанас Петров, соопштувајќи на тој начин дека сè е подготвено за централната прослава на 6 јануари 2025 година, на платото пред Соборниот храм.

Воедно, скопските бадникари, традиционално ќе ги собираат бадникови гранчиња што на празникот на платото пред Соборниот храм ќе ги делат на верниците во пресрет на Божиќ. 

На овој настан исто така ќе присуствуваат и актуелните: кум Божидар Јанковски Бобо и здравичарот Анастас Тановски Таше, како и градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје, но и повеќе кумови и здравичари од изминатите години.

Месноста Краста се наоѓа на јужните падини на Водно на патот кон хидроцентралата „Козјак“.