В недела, „100 жени на Пелистер“ 

51

Националниот парк „Пелистер“ и ПСК „Пелистер“ в недела ќе го организираат настанот „100 жени на Пелистер“.

– Во 10:00 часот ќе се одржи планинарска акција предводена од Илинка Ристевска, прошетка до Инфо-центарот на Пелистер, по историската патека. Во 12:00 часот, Горан Дамевски ќе презентира за своите планинарски експедиции и искачување на познати врвови. Од НП „Пелистер“ ќе бидат презентирани лековитите растенија и шумските плодови што ги има во паркот. Ве очекува добра дружба, забава и изненадување. За забавата ќе се погрижат Златко и Санела N.A.L.A. бенд – најавуваат организаторите.

Оттаму информираат дека собирањето на групата е во 9:30 часот, пред „Шехерезада“.

– Постои можност лицата што живеат во горниот дел на градот да бидат земени попатно, но претходно треба да се најават. Лицата што сакаат да присуствуваат, претходно треба да се најават на телефон заради организирање на превозот. Превозот ќе биде обезбеден – соопштија организаторите.

Поканата за прошетка до Инфо-центарот се однесува на сите заинтересирани и на лицата што сакаат да пешачат по предвидената патека, но, исто така, и на лицата што само ќе присуствуваат на настанот во Инфо-центарот.

Учесничките што ќе пешачат со групата по предвидената патека, задолжително треба да носат разгазени планинарски чевли, водонепропустливи, со ѓон што не лизга, но и резервна облека за пресоблекување. Исто така, треба да понесат храна и пијалаци. За секој случај, со себе да носат и кабаница.

ИЗДВОЕНИ