В четврток во Охрид ќе слета првиот авион на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул

35

В четврток, на аеродромот „Св. Апостол Павле – Охрид“ ќе се одржи свеченост по повод пристигнувањето на првиот лет од Истанбул во Охрид на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“. Турскиот авиопревозник ќе има по четири летови неделно (понеделник, четврток, петок и недела) до македонскиот езерски бисер, кој е многу популарна туристичка дестинација во Македонија и на Балканот.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, неодамна изјави дека линијата Истанбул-Охрид е многу атрактивна и за дијаспората во Европа, но и за  Австралија и за северноамериканскиот континент, бидејќи веќе се продаваат авионски карти Торонто-Охрид или Њујорк-Охрид или Вашингтон-Охрид или Сиднеј-Охрид.

ИЗДВОЕНИ