Ужасни сцени во Иран, најмалку 8 загинаа, над 700 се повредени: Експлозија разнесе покриви, згради, автомобили/ФОТО/ВИДЕО

1525

Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 700 се повредени, од кои многу потешко, во експлозијата што се случи во саботата во јужното иранско пристаниште Шахид Раџаи, објавија иранските медиуми. Властите стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми.

Експлозијата предизвикала значителна штета на инфраструктурата на пристаништето, објавија иранската државна телевизија и други медиуми.

Експлозијата разнесе прозорци и покриви на околните згради и уништи автомобили.

Причина за несреќата е експлозија во складиштето за гориво на пристаништето. Целата работа на местото на инцидентот е прекината.

Властите испратија екипаж на хеликоптер да се обидат да го изгаснат пламенот, додека медицинските тимови побрзаа да ги пренесат повредените во болниците.

„Некои работници се уште се заробени под урнатите покриви и се прават напори да се спасат“, изјави официјален претставник за локалните медиуми за Би-Би-Си.

Владата се уште не излезе со официјално соопштение, но претседателот Масуд Пезешкијан нареди целосна истрага за причините за инцидентот и најдобар можен третман за тешко повредените.

На социјалните мрежи се шират гласини дека причина за инцидентот е саботажа, но ништо од ова не е потврдено, ниту пак е потврдено дека ракетното гориво во еден од магацините предизвикало голема експлозија.

Шахид Раџае, во близина на големиот град Бандар Абас, се наоѓа во една од најважните економски зони во Иран, каде што се одвива повеќе од една третина од иранската поморска трговија.

ИЗДВОЕНИ