Крвава пресметка во влез од зграда во Хрватска: Маж го избодел до смрт комшијата, залудни напорите на лекарите да го спасат

100

Денеска во една станбена зграда во Сисак се случила крвава пресметка, по што на местото на настанот пристигнала брзата помош и полицијата, но и покрај сите напори да се спаси животот на повредениот 51-годишен маж, лекарите од Општата болница не успеале да го сторат тоа бидејќи, за жал, тој им подлегнал на повредите.

Имено, околу 11 часот и 30 минути на улицата Галдовачка дошло до конфликт меѓу двајца мажи, соседи од истата зграда. Од полициската управа Сисак велат дека маж повредил друг маж со остар предмет на скалите од зграда.

Разговарано со сведоци
– Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општата болница Сисак каде му е укажана лекарска помош, но лицето починало. Вториот човек, односно сторителот е уапсен и во тек е кривична истрага – велат од полицијата.

По разговор со сведоци и претрес во просториите на осомничениот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. На осомничениот маж му е извршен преглед и земена крв и урина за да се утврди дали во моментот на делото бил под дејство на некаква опојна дрога.

Телото на починатиот ќе биде испратено на обдукција за да се утврди точниот механизам на повредите кои биле фатални.

ИЗДВОЕНИ