Ужасен инцидент во Франција: 18-годишна Американка се породила во Париз, па го фрлила бебето од хотелскиот прозорец

89
epa09755125 A police car sits parked outside Gare du Nord train station after police intervened to stop a man wielding a knife in Paris, France, 14 February 2022. French Interior Minister Gerald Darmanin announced on social media that police intervened with weapons after being threatened by a man armed with a knife. The man was shot dead inside the train station around 7 a.m. local time. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Млада Американка е осомничена за убиство за своето новороденче кое наводно рано утринава го фрлила од прозорец на хотел во Париз, објави Ле Ларисиен.

Осумнаесетгидишна студентка од САД утринава околу шест часот фрлила бебе на кое се уште му висела папочната врца низ прозорецот од својата соба, која се наоѓала на вториот кат на хотелот Ибис стајл, објави порталот повикувајќи се на полициски извори.

Сето тоа се случило пред сведоци кои веднаш повикале брза помош. Детето е превезено во болница во критична состојба, но починало, потврди париското обвинителство за Ле Паризиен.

Судија од канцеларијата на јавниот обвинител во Париз и полициски службеници од Бригадата за заштита на малолетници излегле на местото на настанот, според полициски извори. Отворена е истрага за „убиство на малолетник помлад од 15 години“, потврди париското обвинителство.

Мајката е „дел од група млади луѓе кои патуваат низ Европа“, изјави обвинителството, додавајќи дека младата жена е однесена во болница каде што ќе биде подложена на операци по пораѓање.

„Пари Меч“ пишува дека мајката патувала со група студенти.

„И таа е приведена на местото на трагичниот случај. Се разгледува можноста за негирање на бременеоста“, објавува париското обвинителство за Ле Паризиен.

ИЗДВОЕНИ