Како што јавуваат бугарските медиуми, жена упаднала во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Пазарчик и нападнала наставничка.
Приведена е жена (37) чие дете го посетува наведеното училиште.
Наставничката се здобила со повреди на лицето.
Според локалните медиуми, осомничената влегла во училиштето, извадила нож, па мавтала со него, ја навредувала, а потоа ја нападнала наставничката.
Инцидентот веднаш бил пријавен кај вработените во училиштето. Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, ја разоружала агресивната мајка и ја привела.
За инцидентот во училиштето е отворена истрага, а информирано е и надлежното Обвинителство.
Засега не е јасно како дошло до нападот, ниту пак зошто жената ја нападнала наставничката.
Истрагата за овој инцидент е во тек.