Минибус со патници паднал во реката Дунав откако се судрил со автомобил на вијадуктот во Иловица во западна Романија.
– Засега немаме потврда за бројот на луѓе во минибусот. Можно е да се работи само за возач и уште едно лице, но ние сѐ уште ја третираме ситуацијата како да има повеќе луѓе под вода – објасни Раед Арафат од Одделот за вонредни ситуации.
Патниот сообраќај е целосно блокиран на вијадуктот до завршување на спасувачката акција.
– Минибусот воопшто не е видлив, немаме информации за бројот на луѓе, силите се пристигнати таму, но потребен е целосен тим нуркачи – изјави Арафат за Диги24.
Мобилизирани се нуркачите од Крајова и Карас-Северин, а хеликоптерот СМУРД е пренасочен за што поскоро да ја пренесе нуркачката екипа до местото на несреќата.
– Мисијата е многу тешка со оглед на матниот Дунав – додаде Арафат, оценувајќи дека шансите за преживување се многу мали по неколку минути поминати во студената вода.