Маж е уапсен синоќа во Бостон откако со нож нападнал три тинејџерки и деветгодишно девојче кое било со нив во кино. Девојчето и трите постари девојчиња врескале од болка и страв кога ги почувствувале убодите, а мажот потоа истрчал надвор, но не стигнал далеку.
Полицијата соопшти дека мажот влегол во киното без билет, отишол до салата, а потоа неиспровоциран нападнал четири девојчиња, на возраст од 9 до 17 години.
Девојчињата се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по живот, соопшти полицијата.
„Толку е потресно да ги видите тие деца како слегуваат по скалите и само плачат. Изгледаа навистина исплашено, како да гледале хорор, а не детски филм“, рече Матео Рохас, кој бил во театарот во моментот на нападот.
Вработениот, кој служел грицки и пијалоци во киното во моментот на нападот, го опишал осомничениот дека носел „преголем капут, очила за сонце и долга руса перика“.
Осомничениот побегнал од местото на настанот со црн џип, но полицијата успеала да го добие неговиот број на регистарска табличка од видео и го лоцирала во Плимут, откако тој наводно учествувал во „сличен напад“ таму, соопшти полицијата.
Полицајците дознале дека вториот потенцијален напад се случил околу 19 часот во ресторанот на Мекдоналдс, каде наводно биле избодени 21-годишна жена и 29-годишен маж, пренесува Telegraf.rs.
Двете жртви се здобиле со повреди кои не се опасни по живот и се згрижени во блиската болница. Полицијата соопшти дека „злосторствата се чини дека се поврзани“.
Осомничениот е приведен и се наоѓа на лекување во блиската болница.