Ужас во Хрватска: Пронајдени тела на две бебиња закопани во дворот на семејната куќа

331

„Полициски службеници од ПС Вараждин добија пријава поради сомнение за сторено кривично дело повреда на правата на децата на подрачјето на општина Љубешчица.

Полициски службеници во соработка со Жупаниското државно правобранителство во Вараждин спроведуваат кривична истрага против две лица. Наведените лица се предадени на надзорникот на ПС Вараждин, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело од член 177 од Кривичниот законик, Повреда на правата на децата од ставови 1 и 2 во однос на четиригодишно дете и од став 4 во однос на две деца.

Имајќи ја предвид заштитата и благосостојбата на детето, не можеме да соопштиме повеќе детали за овој настан“, велат од полицијата.