Хрватскиот ракометар Халил Јагањац (26) потпиша постојан договор со германскиот бундеслигаш Рајн Некар Ловен. Јагањац за клубот настапува од почетокот на сезоната 2022/23 кога дојде на позајмица од полскиот шампион Киелце и остана до денес. Тој претходно помина четири години во Нексе од Нашице, а „лавовите“ за него му платија на Киелце 100.000 евра.
„Халил за кусо време стана миленик на публиката. Ова се должи на неговиот неверојатен стил на игра, но пред се поради неговиот карактер. Тој ја пренесува својата страст и љубов кон спортот директно и автентично. Од самиот почеток, тој истакна колку му се допаѓа тука и дека би сакал да остане долго време. Многу сум задоволен што не избра нас и се врати на патеката како што треба за Рајн-Некар Ловен. Со својата енергија и став, тој е многу важен фактор за културата во тимот. Халил е примерен професионалец. Мислам дека сите околу него се среќни што тој ќе игра за нас во следните две години“, изјави спортскиот директор на германскиот клуб Уве Генсхаимер.
Задововолство од постигнатиот договор изрази и поранешниот ракометар на македонскиот Металург, тим од каде ја започна блескавата кариеатра.
“Многу сум среќен што позајмицата помина како што сакав. Овде се чувствував многу, многу удобно од самиот почеток и сега со нетрпение го очекувам она што следува. Посакувам многу порано да покажав како можам да му помогнам на тимот и продолжувам да работам напорно за да станам уште подобар”, изјави Јагањац.
Јагањац имаше долго закрепнување откако прво се здоби со повреда на рамото во декември 2023 година, а потоа ја скрши клучната коска на тренинг три месеци подоцна. Тој поради повреди не беше во репрезентацијата на големите натпреварувања од ЕП 2022 година, а и покрај тоа што се врати од повреда, не беше присутен на Светското првенство на кое Хрватска го освои среброто.