На магистралниот пат Битола-Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И. (37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани.
Несреќата се случила меѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И. (37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани.
СВР Битола велат дека на местото на несреќата починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С. (42) од Велика Британија.
Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола.
Во патничкото возило имало и лице од Индија со иницијали М.К.Д.Ј. кој бил повреден и истиот е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош.
Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битола.