Утрово најстудено во Маврови Анови, измерени 3 степени – преку ден слаб дожд, преку ноќ и снег

19

Најстудено утрово беше во Маврови Анови каде се измерени – 3 степени, на Попова Шапка – 2 и во Крива Паланка – 1 степен, во Виница и Тетово се измерени еден степен,  Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Берово и Прилеп два степени, Скопје-Петровец, Велес и Кавадарци три степени, во Битола, Демир Капија и Крушево четири степени, во Гевгелија пет додека во Охрид и Претор седум степени. 

Најмногу снег има на Попова Шапка 36 сантиметри, додека во Маврови Анови 21.  Времето во текот на ноќта беше променливо облачно, во западните и северните делови со повремени слаби врнежи од дожд.

Утрово во северните делови на планините и на повисоките места врнежите беа од слаб снег. Дуваше слаб до умерен, наместа засилен ветер од северен правец.

Времето денеска е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Максималната температура ќе достигне од 2 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, во повисоките делови од котлината слаб снег.

Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и ќе преминат во снег, па до изутрина ќе се формира снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ИЗДВОЕНИ