Утрово најстудено во Берово: Измерени минус 9 степени

21

Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -9 степени.

По него следува и Крива Паланка со -8 степени. -7 степени има во Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Крушево и Битола, -5 во Скопје-Петровец, Штип и Велес, -4 во Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид и Виница, -3 во Струмица и Охрид, и -2 Претор.

Снежната покривка изнесува 30 см на Попова Шапка, додека пак во Маврови Анови има 12 см.

Утрото студено со услови за појава на утринска магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

ИЗДВОЕНИ