Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -9 било во Маврови Анови, -8 во Крушево, -6 во Берово, -5 во Крива Паланка, -4 во Прилеп, -3 во Штип и Виница, -2 во Тетово, Охрид, Претор и Битола, -1 во Скопје-Петровец, во Скопје-Зајчев Рид, 0 во Велес, Кавадарци и Струмица, 1 во Демир Капија, 2 во Гевгелија.
Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 32 сантиметри, а во Маврови Анови седум.
Времето денеска наутро променливо облачно, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западниот дел. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.
Во Скопје наутро претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината и особено на повисоко повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.