Утре во 2.22 часот се случува важен небесен феномен: Розова полна месечина во Вага ќе ја осветли дисхармонијата во односите и ќе извади на површина сѐ што игнорираме, 4 знаци се на удар

377

Утре по полноќ (2,22 минути) нè очекува Полната Месечина во Вага (розова Месечина) и ќе има влијание на сите знаци. Полната месечина секогаш означува кулминација и крај на една животна фаза и ќе трае две недели. Полната Месечина интензивно ќе влијае на Вагата, Ракот, Овенот и Јарецот.

Полната месечина во Вага носи силен фокус на врските, рамнотежата и правдата. Вагата, како знак со кој владее Венера, ги симболизира партнерствата, естетиката и потребата за хармонија, па затоа во овој лунарен циклус често се поставуваат прашања поврзани со емотивните врски, соработката и компромисите.

Оваа полна месечина ја осветлува дисхармонијата во односите, ги истакнува нерамнотежите што можеби ги игнорираме и не охрабрува да најдеме средина помеѓу нашите потреби и потребите на другите.

Чувствителност на критики
Во исто време, потребата за мир е зголемена – луѓето се повеќе склони да бараат хармонија, како во нивната околина, така и во себе. Може да има поголема чувствителност на критики, неправди и нарушување на личниот простор. Ако емоциите биле потиснати или компромисите во односите отишле предалеку во една насока, оваа Полна Месечина може да ги извади на површина преку конфликт или јасни разјаснувања.

Вагата нè учи на дипломатско изразување и барање решенија кои се корисни за двете страни. Затоа е важно да ја искористите оваа лунарна енергија за искрени разговори, помирувања, донесување одлуки кои носат рамнотежа и враќање на фокусот на она што не прави смирени и задоволни. Исто така, полната Месечина во Вага може да поттикне креативност, желба за уметничко изразување и негување на внатрешен мир.

Рамнотежа помеѓу желбите и реалноста
Ова е време кога универзумот повикува на рамнотежа – помеѓу срцето и умот, желбите и реалноста. Ако дозволиме да бидеме водени од нашето внатрешно чувство за правда и естетска хармонија, оваа полна месечина може да донесе значителни сознанија и трансформација преку похармонични односи и мир со себе.

ИЗДВОЕНИ