Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест

338

Поради одржување на протест пред Собрание на Република Македонија Единицата за безбедност на патниот сообраќај утре со почеток во 11 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

ИЗДВОЕНИ