Утре почнува 75-то издание на Берлинале: 19 филмови во трка за „златна мечка“

76
epa11888256 People walk by the Berlinale logo during the preparation for the 75th 'Berlinale', Berlin film festival, in Berlin, Germany, 11 February 2025. The Berlinale 2025 runs from 13 to 23 February 2025. EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

За главната награда „Златна мечка“ се натпреваруваат 19 филмови, вклучувајќи ги и новите филмови на Ричард Линклејтер, Лусил Хаџихалиловиќ, Раду Жуде и Хонг Санг-су.

Фестивалот ќе биде отворен со филмот вон конкуренција „Светлината“ на режисерот Тод Твикер, кој ќе биде придружен со специјална гала вечер, се наведува на веб-страницата на фестивалот.

Американскиот режисер Тод Хејнс ќе претседава со жирито оваа година.

Фестивалот ќе трае до 23 февруари, додека за првпат фестивалската програма ќе ја води Трисија Татл, која ќе ги претстави новите филмови на Линклејтер, која се враќа на фестивалот по филмот „Момчештво“ од 2014 година и добитникот на „златна мечка“ од 2021 година, романскиот режисер Жуде.

Лусил Хаџихалиловиќ ќе ја претстави драмата „Ледената кула“ со француската актерка Марион Котијар во главната улога.

Во филмот „Blue Moon“ на американскиот режисер Линклејтер играат Итан Хоук и Ендрју Скот.

Жуде се враќа на фестивалот со „Континентал’25“, мрачна комедија која се занимава со прашања како што се станбената криза и подемот на национализмот.

Единствениот дебитантски филм во конкуренција ќе биде „Жешко млеко“ на британската режисерка Ребека Ленкевич, адаптација на романот на Дебора Леви кој ги истражува комплексноста на мајчинството.

Оваа година во конкуренција е само еден документарен филм, а тоа е „Временски печат“ на украинската режисерка Катерина Горностај. Нејзиниот последен филм е хроника на воспитувачите и наставниците од предучилишна возраст за време на војната.

Јужнокорејскиот режисер Хонг Санг Су доаѓа на Берлинале со својот осми филм во конкуренција за „златна мечка“, а тоа е „Што ти вели таа природа“. Режисерот веќе освои четири „сребрени мечки“ во последните пет години за „Жената што трчаше“, „Вовед“, „Филмот на романсиерот“ и „Потребите на еден патник“.

Од 19 филмови во конкуренција, осум беа режирани или ко-режирани од жени, наспроти шест минатата година. Берлинскиот филмски фестивал далеку ги надминува филмските фестивали во Кан и во Венеција во однос на застапеноста на половите во натпреварувачката конкуренција.

Берлинскиот фестивал се одликува со посветеноста на различноста и паритет. Во 2019 година, организаторите ја потпишаа Повелбата за паритет и различност, обврзувајќи се на поголема транспарентност во изборот на филмови и составот на нивните управни тела.

Во делот надвор од конкуренција ќе биде прикажана и научно-фантастичната црна комедија на Бонг Џун Хо „Мики 17“, неговиот прв филм по „Паразит“, кој му го донесе престижниот „Оскар“.

Берлинскиот фестивал е основан во 1951 година и се одржува редовно секоја година од 1978 година, во февруари.

Минатогодишниот добитник на „златна мечка“ беше филмот „Дахомеј“ на француско-сенегалскиот режисер Мати Диоп.

Секоја година, фестивалот е домаќин на околу 20.000 претставници на филмската индустрија од 120 земји и продава околу 330.000 билети на пошироката публика, што го прави најпосетуваниот фестивал во светот.

Во исто време, берлинскиот филмски пазар останува еден од највлијателните во индустријата, бидејќи ја олеснува дистрибуцијата и продукцијата на дела од целиот свет.

Берлинскиот филмски фестивал ја доделува „златната мечка за најдобар филм“, „Гран-при на жирито“, како и „сребрените мечки“ за најдобар режисер, актер, актерка, сценарио и филмска партитура. Од 1992 година, фестивалот ја доделува наградата „Теди“ за филм кој ја обработува темата на ЛГБТ популацијата.

Во 2020 година, организаторите ја повлекоа наградата Алфред Бауер, именувана по поранешниот директор на фестивалот, откако беше откриено дека тој имал врски со нацизмот.

ИЗДВОЕНИ