Утре на главниот плоштад во Солун: Моменти на „,молк за Кочани“ во спомен на жртвите во пожарот

105
Фото:социјални мрежи

Утре, сабота, во 12 часот на главниот плоштад во Солун, Аристотел, ќе им се оддаде почит на жртвите кои загинаа во пожарот во Кочани. Собирот е насловен ,,Солун во молк за Кочани”.

-Солун солидарно стои покрај Кочани, Северна Македонија, додека ги оплакуваме 59-те животи кои згаснаа на 16-ти март во трагичен пожар. Како еден од погдените градови, во кој повредени добиваат помош, ве замолуваме да ни се придружите да го искажеме нашето сочувство за изгубените животи, за повредените, за нивните семејства. Придружете ни се во моментот на молк во чест на нивниот спомен и искажувањето на поддршка, наведено е во најавата за собирот, која се споделува на социјалните мрежи.

Во трагедијата на 16-ти март во таканаречено кабаре, односно супстандарден објект, животот го изгубија 59 млади лица, од кои шест се деца. Повредени се околу 200 младинци, помеѓу кои има и 25 деца.

ИЗДВОЕНИ